Откако во Македонија заврши процесот на уставни измени, премиерот Зоран Заев замина на скијање во Германија.

Рамуш Харадинај сподели заедничка фотографија со премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи, по што  од Владата информираа дека тој во Приштина минувал транзитно.

Со косовскиот колега се сретнал неформално на приштинскиот аеродром каде чекал лет за Германија.

Заев имал слободни денови за зимски одмор и ќе биде отсутен од државата една недела. Покрај Германија планира да посети и други локации.