Името на д-р Жељу Желев се наоѓа на посебен список на благодарност, подготвен од македонското Министерство за надворешни работи за одбележувањето на 30-годишнината од прогласувањето на самостојноста и независноста на Република Македонија, пишуваат софиски „24 часа“.

Претседателот Желев ќе биде посмртно аграден со благодарница за неговиот придонес во признавањето на независноста на Република Македонија на почетокот на 1992 година.

Есенва се навршуваат 30 години од прогласувањето на бившата југословенска република за суверена и самостојна држава, по спроведениот референдум. Бугарија прва ја призна независноста и за исправноста на тој чин ја убедуваше и меѓународната заедница.