Првиот човек на Бугарскиот културен клуб, Лазар Младенов тврди дека не е вклучен во издавањето на уверенија на македонски државјани кои имаат бугарско потекло доколку не ги исполнуваат условите.
Тој објаснува дека тие се првата бугарска организација да издава документи за потекло од државната агенција за Бугарите во странство.
Ниту јас лично ниту бугарскиот културен клуб сме на било кој начин инволвиран во скандалот што се случи во Софија. Апсолутно по никаква линија не сум инвлолвиран во тоа.Бугарскиот културен клуб нема ниту агенции за преводи ниту пак има под контрола посредници кои би вршеле матни работи – објаснува Младенов за Пресинг Тв
Тој нагласува дека Бугаркиот клуб издава документи за потекло на лица кои сакаат да аплицираат за бугарско граѓанство, но тоа е според Законот за Бугарите што живеат надвор од Бугарија.
Издавањето на документи кај нас е апсолутно законско и легално. Кај мене се имаат јавувано Албанци, и муслимани и православни кои имаат исти имиња и презимиња како нашите, но немаат шанси да добијат бидејќи по статистиката на раѓање на нивните претци пред 1918 јасно се опишани селата како албански православни села. Не можат да добијат документи лица чии претци се родени во чисто влашки села или пак имаат српско потекло – вели Младенов за Пресинг ТВ.
Comments are closed for this post.