Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ застана во одбрана на владиката Агатангел, кој даде негативна изјава за работата на актуелната владејачка гарнитура.
-Може некој владика да не сакате, или друг. Нема исти, има различни и тие претставуваат народ. Ако критикувате владика, правете го тоа и за друг. Ако ќутите за некој владика, ќутете за сите. Може не се какви што сакаме, ама тие се наши. Не сакам да мислам како би било со туѓи, напиша Илија Димовски на својот твитер профил.
Како што беше познато, владиката Агатангел вчера, на прославата на празникот Свети Трифун во Кавадарци, ја даде следнава изјава.
-Ние Македонците сме емоционални луѓе, ние Македонците сме патриоти, ние си го сакаме својот македонски јазик и држава, својата македонска нација и сето она што е свето и македонско, бидејќи тоа го примивме од нашиот свет апостол Павле кој шеташе и чекореше по оваа света македонска земја. И затоа примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци, длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош, рече Агатангел.
На ова, пак, жестоко реагираше министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, кој рече дека еден достоинственик не смее вака да се однесува.
Comments are closed for this post.