По лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, со реакција за синоќашната средба меѓу Заев и Мицкоски излезе и движењето Беса.

Според партијата,  средбата  оставила горчлив вкус за сите Албанци.

Само за потсетување, кога политичките партии на Албанците се сретнаа заедно за да разговарат за теми исклучително од етнички аспект за Албанците, средби кои беа транспарентно претставени во јавноста, во тоа време во Македонија се направи толку голем проблем што кај некои политички експоненти го проблематизираа тој момент и го употребуваа во секојднената политичка реторика. Додека денес, кога се среќаваат двајца лидери на македонските политикчи партии, и се договараат за теми што се од државен а не од етнички интерес, речиси никој не ја проблематизира ова средба која не беше воопшто транспарента-велат од партијата.

За Движењето Беса сосема е неприфатливо да албанците, односно албанските политички претставници, да не бидат вклучени во донесувањето одлуки за вакви важни процеси кои директно влијаат на интересите на албанците во ова држава.

Според партијата,исклучувањето на Албанците од консултации и донесување одлуки за вакви витални прашања за иднината на државата се само обид за нарушување на меѓуетничката кохезија во Северна Македонија и, за жал, се покажа дека слоганот ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ подразбира целосна дефакторизација на албанскиот политички фактор и влез во нова ера која, за жал, ги продлабочува поделбите.

Движењето Беса во текот на целиот процес изрази добра волја и одигра конструктивна улога за иднината на Северна Македонија, така што нема да дозволиме некој да ја нагази волјата на албанските гласачи кои се претставени преку политичките партии на албанците. Затоа апелираме до параламентарното мнозиство да го сменат својот пристап кон албанскиот политички фактор и под итно да го вратат дијалогот помеѓу позицијата и опозицијата, вклучувајќи го и албанскиот политички фактор, кој произлегува како резултат од последните парламентарни избори, а која беше повеќегодишна пракса на дијалогот во оваа држава.

Одговорностите и обврските за градење на оваа држава се заеднички како за македонците, така и за албанците, затоа апелираме грешките да се коригираат навремено за да се избегнуваат било какви несакани дејствија кои можаат да предизвикуваат фатални последици за Северна Македонија.