Најгласен е муабетот во одредени политички кулоари дека Ковачевски кој работи како помал бизнис партнер на ДУИ во владата, веќе еднаш си поднел писмена оставка до собранието. Па овие кои се многу свесни дека со поадот на власта доаѓа и одговорност, многу жестоко го убедувале во спротивното. Талат и останатите од компанијата го убедувале да не си даде оставка, затоа што знаат дека од правдата нема бегање. Значи имаме премиер кој утрото се буди, попладнето си дава оставка, а вечерта се премислува затоа што на човекот тоа место му е подарено и не му се одговара толку брзо, па си вика, да се тргнам и да се спасам на време, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното негово обраќање пред штипјани по повод настанот „Ова е Македонија за сите“.

Мицкоски нагласи дека Ковачевски прифатил улога со која не можел да се носи, и затоа побара да се охрабри и да го направи чекорот, веднаш да си поднесе оставка.

Па еве од овде од Штип сакам да му порачам: Ковачевски не мачете се и престанете да ја тонете Македонија, дајте си оставка. Оставка на цела влада. Прифативте улога со која не можете да се носите, рече Мицкоски за Ковачевски.

Немавте храброст за дебата за договорот со Коридорот 8 и 10 Д, барем имајте храброст да ставите потпис на вашата оставка. Оставка барем да не го загубите достоинството ако барем и малку ви преостана. Оставка затоа што со секој ден мислење дали да ја дадете или не, дополнително ја тонете Македонија. Направете го чекорот, охрабрете се и дајте оставка, така ќе ја спасете Македонија и ќе направете едно нешто добро во овој малку мандат што ви остана, истакна тој.

Мицкоски порача дека ниту една оставка нема да биде бегство од одговорност, нагласувајќи дека ќе се одговара и правдата ќе го гони за секој еден украден денар да го врати.

А и да ви кажам за да знаете. Ниту една оставка нема да ви биде бегство од одговорноста која следи. Ќе одговарате за секој денар и ќе ве гони правдата се додека не го вратите и последниот украден денар. За ова го имате мојот збор, дециден е Мицкоски.