Пет луѓе се здобиле со тешки телесни повреди по што се префрлени во болница во серија сообрајни несреќи.
Битолчанецот Ц.К. како пешак на улицата „Филип Втори Македонски“ бил удрен од автомобил „Ауди“ со битолски таб личми управуван од 20-годишниот возач И.Б. Поради сериозноста на повредите здобиени во незгодата, 64-годишниот пешак бил префрлен во клиничката болница во Битола.
На магистралниот пат Градско – Прилеп, пред тунелот во село Фариш, се судриле „Опел кадет“ со битолска регистрација, управувано од К.Н. (35) од Битола и „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ч. (52) од Скопје. Во незгодата повредена била 28-годишната И.Н., инаку сопатничка во „Опелот“, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На мостот на реката Вардар на локалниот пат во село Стримница се судриле автомобил „Ровер“ со тетовски таблички, управуван од 19-годишниот Б.Х. од село Стримница и „Ауди“ со тетовски таблички, управувано од 58-годишниот З.Д. од истото село. Во несреќата, З.Д. бил тешко повреден поради што, по укажаната лекарска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Истовремено, со полесни телесни повреди се здобиле сопатниците во „аудито“ Р.Д.(47) и М.К.(47), кои со друго возило биле пренесени во Клиничката болница Тетово.
Патничко возило „Хјундаи“ управувано од 39-годишната тетовка Т.Н. што се движело на автопатот Тетово-Скопје, на излез од Тетово удрило во метална ограда, па во бетонски ѕид од канал за наводнување и се превртело. Во незгодата тетовката со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница – Тетово, а потоа во болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје.
На улицата „Маршал Тито” во село Владимирово, беровско товарно возило „Фолксваген Ман“, управувано од 56-годишниот Л.В. од село Русиново удрило во два паркирани трактори. Притоа, тешко повредениот возач на товарното возило бил пренесен во Клиничката болница во Штип.
Comments are closed for this post.