Национал-шовинистичките изјави на Румен Радев, на Слави Трифонов и сличните на нив бугарски политичари, само потврдуваат дека Бугарија беше и останува голем и засега единствен отворен непријател на Македонија и Македонците, напиша на „Фејсбук“ лидерот на НСДП, Тито Петковски.

Ако се има во вид дека овие пораки од Бугарија доаѓаат само ден пред најголемиот христијански празник Божиќ, станува јасно дека се работи за луѓе без основни морални скрупули. Ако вака се однесуваат кон „братска Република Cеверна Македонија“, како што вели Румен Радев, како ли се однесуваат кон оние, кои не им се браќа?, напиша Петковски.