Koга се сака може да се најде решение. Во ситуација кога државната каса е празна и кога минатата власт остави буџет за да се истурка едвај половина од годинава, државата најде начин да ги зголеми платите на наставниците во основните и средните училишта.
На прв поглед може да се каже дека пет посто е малку, но ако се размисли во каква финансиска состојба е државата и ова е добар чекор.
Успешно завршија преговорите меѓу владата и СОНК. Она што е важно е дека покачувањето на платите ќе оди скалесто па така од октомвриската плата која што ќе биде исплатена во ноември па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена март 2025 година ќе има покачување од 5% на платите, потоа во март 2025 година ќе има покачување од 7%, во март 2026 година во зависност од состојбата на Буџетот ќе имаме покачување помеѓу 7 ипол и 10%.
Планирано е во март 2027 година да има помеѓу 7,5 и 10% а во март 2028 година помеѓу 10 и 12,5 посто покачување на платата.
Кога сето ова ќе се пресмета излегува дека за четири години од сега зголемувањето за наставниците ќе биде близу 50 проценти.
Затоа премиерот Мицкоски овој договор го нарече „исторски“. Зголемувањето на платите СДСМ не го поздрави. Во нивно време платите на наставниците народски кажано не мрднаа и затоа сега за опозицијата е тешко да признае дека друг ги решава наталожените проблеми како во образованието така и во другите сектори.
Comments are closed for this post.