Автомобил марка „Мерцедес“ со велешка регистрација, управуван од 32-годишниот К.Л. од Демир Капија го удрил пешакот П.Е. од Демир Капија.
По ударот, 39-годишниот пешак, со тешки телесни повреди бил префрлен во Итната медицинска помош во Неготино, од каде, по укажаната лекарска помош бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје
Несреќата се случила на улица „Партизанска“ во Демир Капија, каде што увид извршила екипа од Полициската станица Неготино.
Comments are closed for this post.