Заедничкиот кандидат за претседател на партиите од владејачката коалиција, Стево Пендаровски, имаше средба и кусо обраќање пред членовите на Централниот совет на ДУИ во Мала Речица.
На седница меѓу другото се очекува потврда за неговата кандидатура за претстојните претседателски избори.
Македонија за сите, нема да има граѓани од прв ред и втор ред, не смее да има привилегирани граѓани, туку сите треба да бидат рамноправни. Јас не отстапувам од овој концепт, напротив, ќе се ангажирам ова да стане реалност,изјави Пендаровски за медиумите, пред седиштето на ДУИ.
Comments are closed for this post.