Зборувајќи во интервју за српскиот весник „Политика“, кандидатот за претседател од владејачката коалиција, Стево Пендаровски, изјави дека според него, сегашниот прв човек во државава, Ѓорѓе Иванов, е политичар кој во изминатите 30 години најмногу работел против својата земја.
Во првите осум години беше апсолутно нем на крупните злоупотреби на владата на Никола Груевски. Не можете да најдете ниедна негова изјава во која критикува проект или потег на владата на Груевски, кој, пак, ја донесе Македонија на статусот на заробена држава, што е потврдено со извештајот на Европска комисија од 2016 година. Во последните две години од својот мандат доста е гласен во критика кон владата на Зоран Заев. Претходно одби да му даде мандат за составување на владата, иако Заев имаше обезбедено чисто мнозинство во парламентот. Потоа ги амнестираш најголемите криминалци од врвот на претходната власт, користеше апсолутно вето, на што, според Уставот, немаше право, за на крај да одбие да прифати уставни промени и ново име на земјата“ – вели Пендаровски за „Политика“.
Comments are closed for this post.