Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со жители на Демир Хисар, побра на 21 април да се заокружи бројот 3 на гласачкото ливче, не само за да победи Пендаровски, туку за да победи опцијата која што е за напредок, иднина и економски развој.
„На гласачкото ливче има контраст од понуди како никогаш досега, како црно и бело. Опцијата на Гордана Сиљановска нуди поништување на се што е постигнато, а тоа значи блокада, изолација и враќање назад во тунелот на Груевски. Ние решивме да гледаме напред и да ги затвориме и најтешките прашања. Ако продолжиме со реформските процеси, јас ви гарантирам дека во јуни ќе добиеме датум за почеток на преговорите со Европската унија. Во 2018 година, по добивањето на покана за членство во НАТО, само за половина година, директните странски инвестиции беа 624 милиони евра, тоа е двојно повеќе од најдобрата инвестициска година. Од држава со привремено име ПЈРМ , ние сега сме држава со безбедносни гаранции и гаранции дека сме Македоци по јазик и идентитет. Очигледен е напредокот, важно е да продолжиме напред, најмногу заради младите“ рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
Comments are closed for this post.