Откако денеска Јавното обвинителство излезе со реакција до претседателот Стево Пендаровски за случајот „Рекет“ дека сега не е не е време за напади на институциите, со свој став излезе и шефот на државата.

Тој вели дека по ниту еден основ немал направено дискредитација на Јавното обвинителство.

Потенцирам дека во своето обраќање изразив целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакнав дека ќе сторам се, за да ги заштитам од евентуални притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет“ – вели Пендаровски во објава на Фејсбук.

Во обраќањето на вчерашната прес-конференција по ниту еден основ немам направено дискредитација на Јавното обвинителство…

Posted by Stevo Pendarovski on Tuesday, August 13, 2019

 

Тој уште еднаш укажуа дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност.