Претседателот Стево Пендаровски ги потврди пишувањата на „ Пресинг ТВ“ дека македонско-бугарските односи се влошени.
-Имавме извесно смирување после прифаќањето на европската преговарачка рамка. Минатото лето влеговме во скрининг процесот. За жал, роденденот на Гоце Делчев беше искористен од другата страна за кревање на тензиите по мене сосема непотребно. Меѓутоа, мислам дека е неподелена оценката 4 февруари и од наша страна како држава сосема до крај, стопроцентно го положивме испитот и покажавме како една сериозна европска држава треба да се однесува со почитување на правата на луѓето да одат на почит на големиот македонски револуционер и притоа да се изолирааат сите што доаѓаат со лоша намера, односно доаѓаат со намера да провоцираат и да предизвикуваат немири, истакна Пендаровски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со неговата унагарска колешка Каталин Новак.
Comments are closed for this post.