Интеграциите и прогресот се нераскинливо поврзани процеси, вели кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски.
Тој потенцира дека не може да постои Македонија напредна, богата и просперитетна ако не биде интегрирана.
Затоа клучната моја заложба е Северна Македонија да биде час поскоро полноправна членка и на НАТО и на ЕУ. Во овие рамки јас го гледам и решението за проблемот со иселувањето еден од најголемите проблеми кои оваа земја ги има, знаете дека тој проблем постои одамна дека има длабоки корења но својот врв го достигна во време на 10 годишното владеење на фамилијата“, рече Пендаровски на средби со граѓаните во Кочани.
Чесно е да се каже дека оној што ветува брзо решавање на тој проблем ги залажува граѓаните. Брзо и лесно решение за овој проблем не е можен, меѓутоа можно е да ги отвориме портите на пошироките интеграции и на тој начин да овозможиме влез на странските инвестиции, отворање на нови работни места и прогрес на сите полиња. Само на таков начин ако Македонија биде дел од модерниот и развиен свет, ние можеме да имаме шанса на младите овде, но не само и на младите, да им понудиме овде да почнат свој живот, кариера, бизнис и свој личен и професионален развој, а не таквата шанса да ја бараат некаде низ белиот свет.
Comments are closed for this post.