Стево Пендаровски нагласува дека е потребна конструктивност во билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија и во напорите за решавање на отворените прашања, а постоењето на македонцското малцинство во соседната држава е факт, кој е потврден и од Стразбур.
На прашањето на МИА да даде коментар на вчерашното соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи, во кое меѓудругото има забелешка за „неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и лажните изјави од нивна страна за Република Бугарија“, од Кабинетот на Пендаровски ни одговорија дека ставот на претседателот и претходно и сега е дека е потребна конструктивност во билатералните односи и решавање на отворените прашања.
-Во врска со соопштението на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, ве информираме дека ставот на претседателот Пендаровски и во минатото и сега е дека е потребна конструктивност во билатералните односи и решавање на отворените прашања, со оглед на тоа дека и нашата држава претендира да биде дел од Европската Унија каде што заедно со соседна Бугарија ќе биде упатена на уште поголема соработка, се вели во одговорот за МИА од Кабинетот на претседателот.
Comments are closed for this post.