Имајќи ги предвид приговорите на дел од синдикатите, граѓанските здруженија и на некои политички партии, укажувам дека секоја заинтересирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој закон, вклучително и на овие, рече шефот на државата

За најоспоруваните измени на Законот за работни односи кои предвидуваат можност за зголемена работна недела на работниците ангажирани на проекти од национален и стратешки интерес, како што се коридорите 8 и 10-д, претседателот рече дека оваа година тие не ја содржат формулацијата „60-часовна недела“, која веќе еднаш беше укината од Уставниот суд.

 

Оние што сметаат дека законите се неуставни, претседателот ги упати да поднесат иницијатива до Уставниот суд.

„Изминатите денови направив низа консултации и во однос на уставноста на новиот текст на законот со експерти од областа на трудовото право, поранешни судии на Уставен и со советниците од мојот кабинет. По сумирањето на различните мислења донесов одлука да го потпишам указот за прогласување на овој закон и за останатите четири закони. Имајќи ги предвид приговорите на дел од синдикатите, граѓанските здруженија и на некои политички партии, укажувам дека секоја заинтересирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој закон, вклучително и на овој. Уставниот суд е единствената институција во нашиот правен поредок која го дава последниот збор во однос на уставноста на законите. Уставниот суд има на располагање и механизми со кои може брзо и ефикасно да донесе одлука ако така сметаат судиите“,