Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави дека Србија се вооружува од земји кои се појавуваат како отворени непријатели на Европа и НАТО и се надева дека тоа ќе помогне да се разјасни сликата за регионот на Западен Балкан на некои важни политички обраќања во рамките на европските и евроатлантските заедници, пренесува „Објектив.рс“.
Тој додаде дека вооружувањето е секогаш загрижувачко и дека тоа покажува дека чувството на закана е зголемено во Европа.
– Не треба да се занемари дека, за жал, целокупната култура и безбедност на Балканот не е на исто ниво како во другите делови на развиена Европа. Затоа генерално сме загрижени за тоа. Во овој случај, се работи за продолжена тенденција Србија да се вооружува со оружје што е од земји кои сега се појавуваат како конкуренти и на Европа и на НАТО. Тоа е нешто што треба да се регистрира – изјави Ѓукановиќ во Цетиње, одговарајќи на новинарски прашања, пренесува ЦДМ.
Претседателот на Македонија Стево Пендаровски, со кого се сретна Ѓукановиќ, рече дека нема проценка оти Србија е безбедносна закана за нив.
Comments are closed for this post.