По прозивките од ДУИ да го пресипита именувањето на Ерол Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање, претседателот Стево Пендаровски дециден дека нема намера да го смени директорот кој вчера го постави.
Претседателот Стево Пендаровски веднаш по стапувањето на функцијата темелно разгледа повеќе предлози како можни решенија за позицијата директор на Агенцијата за разузнавање. По споредбените анализи на професионалните капацитети на сите кандидати, името на Ерол Муслиу се издвои како решение за извршување на оваа одговорна функција. Станува збор за врвен професионалец кој својата кариера ја градел во земјава и имал беспрекорна соработка со службите од сите сојузнички држави. За именувањето на Ерол Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање беа известени и партнерските служби од земјите членки на НАТО. Именувањето на Муслиу е позитивно оценето од службите на сојузничките земји“, е одговорот од Кабинетот на Пендаровски.
Comments are closed for this post.