Претседателот Стево Пендаровски смета дека би било наивно и премногу симплифицирано, вината за сите дефекти во општеството да се сведува на еден човек. Пендаровски во интервју за БИРН нагласува дека застарувањето на делата покажува оти системски работите не се добро поставени.

-Сите што се разбираат макар малку во правосудството, знаат дека како што застарува предмет, во кој се инволвирани многу луѓе, адвокати, судии, поротници, медиуми што следат, за да застари таков предмет, не треба да се договориш само со еден човек. Не може само со еден човек да го застариш случајот! Повеќе луѓе и институции се инволвирани и јас не би го апострофирал само судијата, (не му го знам ниту името) кај кого конкретно застарел случајот, вели Пендаровски во интервјуто