Стево Пендаровски е задоволен од добиените гласови во вториот круг што го направија претседател. Но, неколку минути по затворањето на гласањето и додека гласовите се пребројуваа, тој најде време за Албанската Радио Телевизија да направи анализа и за првиот круг.
Како што пренесува „Алсат-М“ во неговата анализа за текот на изборниот процес, меѓу другото, Пендаровски посебно внимание посветува за Албанците при што вели дека Северна Македонија е подобро место и за Албанците, во однос со претходните години и за тоа зборуваат бројките.
Но сепак, додава Пендаровски, Албанците се уште не се 100% рамноправни со нивните браќа Македонци.
Да, Македонија денес е подобро и тоа се гледа по бројките кои можат да се проверат, со албанските министри во владата на пример. Во 2001 и 2002 година по потпишувањето на Охридскиот договор, во целата државна админстрација ние имавме Мaкедонци, а само 2,4 отсто Албанци во сите институции на државата, а денес имаме над 19 проценти застапеност во овие институции, и за една земја со многу ограничени финансиски средства, ова е голем чекор напред. Несомнено, јас не можам да кажам дека Албанците се 100% еднакво застапени со своите македонски браќа во оваа земја, но можам да кажам со полна уста, дека се во многу подобра позиција од пред години или од првата деценија по независноста, рече Пендаровски.
Comments are closed for this post.