Во однос на тоа дали се можни предвремени парламентарни избори, претседателот на државата смета дека не е сигрен дека ќе дојде до такво нешто, истакнувајќи дека најсигурен начин за тоа е 61 глас за распуштање на Собранието, а опозицијата во овој момент тоа го нема
Се работи за легитимен обид на опозицијата да ја урне Владата, но тајмингот е кататстрофален, вели претседателот Стево Пендаровски, о интервју за Канал 5, коментирајќи ја одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да оди на активна блокада на Собранието од 10 мај.

„Тоа е сосема легитимен обид, сме имале и други такви случаи, да се урне Владата и да се предизвикаат предвремени парламентарни избори, врз основа на резултатите постигнати на локалните избори. Но тајмингот за тоа, војна, кризи е катастрофално избран. Сепак, треба да се остави време да видиме што значи таа блокада – односно најавата дека нема да се блокираат закони во интерес на граѓаните. Еве, ако Владата предложи закон за 10 отсто повисоки плати на просветарите, ВМРО-ДПМНЕ може да рече треба 30 и да го блокира“, вели Пендаровски.

Во однос на тоа дали се можни предвремени парламентарни избори, тој смета дека не е сигрен дека ќе дојде до такво нешто, истакнувајќи дека најсигурен начин за тоа е 61 глас за распуштање на Собранието, а опозицијата во овој момент тоа го нема.