Претсеателот Пендаровски разговорот со Макрон го оцени за  прилично отворен. Тој ги слушнал аргументите на претседателот Макрон кои стоеја позади неговата одлука на 18-ти минатиот месец да се одложи давањето преговори на нашата земја.

Јас од моја страна ги изложив моите аргументи. Мислам дека сега можеме да зборуваме за расчистена ситуација по неколку битни точки. Прво, претседателот Макрон веќе почнал и неговиот тим, со расчистување на новата методологија. Имаат предложено еден нон пејпер до земјите членки и почнал да циркулира пред недела дена. Очекува дека тоа ќе заврши наредниве месец до два комплетно со инпут од останатите земји членки, со коментари, евентуално амандмани. Начелно, тој мисли дека методологијата најдоцна треба да биде усвоена до март. Меѓутоа, кога имате меѓународна организација која има 28 земји членки не можете да бидете сигурни. Меѓутоа, очекува и пред март да биде донесена и новата, ревидирана методологија, како ја нарекуваат.

Пендаровски посочил дека нашата земја не би се согласила со никаква алтернатива на полноправно членств иако сме свесни дека тоа  може да трае  години и години.

Ми рече прецизно – никогаш не била неговата намера да ни даде алтернатива на полноправно членство. Само, вели, сакам да го подобрам процесот, да не продуцира само бирократски успеси, а суштински неуспеси кај земјите кандидати. Во тој дел, јас реков дека нашата позиција како држава е неспорна. Значи, нека ја подобруваат, нека ја менуваат методологијата колку сакаат и како сакаат. Ние сме комплетно позади принципот на реверзибилност. Тоа значи дека ако одредено поглавје го затвориме успешно, по извесен период од време се јават проблеми во иста област, на пример слобода на медиуми, да не вратат назад, се согласувам. Дури во еден момент му реков ако сакате и како полноправна членка, кога би биле, да не исклучите од членство од Европската Унија, слободно направете го тоа, бидејќи не ми е интерес мене да бидам јас членка таму, а да не бидам демократија. Јас му реков, во неколку наврати му опишав. Значи, половина од мојот живот го поминав во автократија, во поранешна Југославија. Десетте години на Груевски плус, ги поминав во автократија. Прво, јас немам лични резони да бидам за методологија која само бирократски ќе штиклира успеси и на крај ние ќе влеземе по неколку години во Европската Унија и ќе констатираме дека назадуваме во сите витални демократски компоненти и индикатори. Тука се согласивме. Ова што е битно, значи по промената на методологијата, отприлика кажано, некаде до март би требало тоа да се заврши, тој ми рече дека потоа би можело да се очекува одлука на Европскиот Совет на следниот самит на Европската Унија во мај, на 6 мај мислам дека е веќе закажан во Загреб, од хрватското претседателство. Се разбира, не зборуваме за содржината на одлуката, зборуваме дека тоа ќе биде распоредот временски – променета методологија и после тоа, се разбира, одлука за земјите кои чекаат да отворат пристапни преговори. Она што е важно и што мислам дека е најпозитивно што произлезе од целиот состанок, е што тој самиот инсистираше и ми предложи, јас имав и формална покана да ја посети Северна Македонија, тој ми рече ќе дојдам многу брзо во вашата земја. Јас инсистирав да биде малку попрецизен во временска смисла што значи тоа брзо. Ми рече можете слободно да му кажете на вашиот народ, на вашите луѓе дека ќе дојдам во првите шест месеци од 2020