Шефот на државата Стево Пендаровски денеска истакна дека задача на Претседателот е да се намали поларизацијата и поделеноста во државата.
„Моја задача, бидејќи сум платен од вашите пари, е тоа да се обидувам да го правам до крајот на мандатот и тука нема суети, нема повредено его. Јас морам да се јавам кај тие луѓе кои се актери на политичката сцена со кои досега не сум направил комуникација, а кои се битни за вкупниот амбиент, да се обидувам да ги добијам. И јас ќе ги барам и бидете убедени дека ќе направам се да ги намалам тие тензии, бидејќи мислам дека барем за неколку работи кои се стратешки битни за државата, не треба да се расправаме“, рече претседателот Пендаровски, посочувајќи ги нашите стратешки приоритети, економскиот развој, комплетно интегрирање во ЕУ и НАТО и меѓуетничките односи.
Comments are closed for this post.