Своето обраќање по изборот Пендаровски го почна со благодарност за поддршката и како што објави вчера на својот фејсбук профил рече дека е чест што добива поддршка од 31 политичка партија и од граѓани од сите етнички заедници. Посебна благодарност упати до лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев кој, како што рече, направил политички преседан и му дал шанса повторно да биде кандидат за претседател по пет години, од 2014 кога, рече, сите бевме предмет на брутален изборен инженеринг.
Драго му е што првпат од независноста на државата зад неговата кандидатура застануваат и три политички партии на Албанците кои немаат приговор за неговиот избор.
Ги спомна и другите фаворити на СДСМ, Спасовски, Димитров и Шекеринска кои, рече се негови пријатели и соборци за иста кауза. За актуелната власт рече дека направила чудо со две работи – уривање на режимот и Договорот со Грција, додавајќи дека само тие две работи се доволни за да бидат запаметени во историјата.
-Ми дадовте огромна политичка одговорност, која во месеците и годините што се пред нас имам намера да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот на сите наши граѓани, рече Пендаровски додавајќи дека денешниот е посебно емотивен ден за него
Comments are closed for this post.