Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски смета дека го следат структури блиски до поранешната власт, а сегашна опозициска партија. Тој вели дека на социјалните мрежи последните некоолку дена се појавиле негови фотографии на лажни профили. Во интервју за ТВ 21 рече дека слични искуства имал и во минатото. Бил прислушуван, но не и следен.
Во последните десетина дена излегоа најмалку три фотографии од непознати профили на социјалните мрежи од тоа каде се движам. Не станува збор за папараци. Тоа првпат го чувствувам на своја кожа. Во минатото сме биле и прислушувани, но физичко следење немам почувствувано на своја кожа. Недозволено е рецидиви од претходниот режим поврзани со претходната власт, сега опозициската партија, да ги следат луѓето од сегашната власт. Очекувам надлежните ова да го испитаат. Можеме да се сомневаме дали тоа се само домашни структури или се поврзани со некого од надвор со некоја друга држава, но факт е дека јадрото на луѓето се домашни државјани и не и сакаат добро на државата. Можеме да се сомневаме дали се поврзани со странски структури, рече Пендаровски.
Откако вчера Пендаровски рече дека се сомнева дека е следен од тајна служба на странска држава блиска до опозоцијата денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика да објави за која држава и партија се работи.
Comments are closed for this post.