На 3-ти април да покажеме дека сме обединети и цврсто решени да одиме напред!Ве поканувам на мојата изборна Конвенција, со почеток во 20 часот во салата „Борис Трајковски“. Време е да ги оставиме поделбите зад нас и да се обединиме во заедничките цели – брз напредок и сигурна иднина за нашата држава, напиша претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на Фејсбук.
Јас ќе бидам претседател на сите граѓани. Заедно ќе продолжиме да чекориме на патот кон ЕУ и НАТО. Заедно ќе изградиме силна и стабилна земја и перспективна иднина за сите следни генерации.
Застанување веќе нема, изборот е јасен – ЗАЕДНО ОДИМЕ НАПРЕД!
Comments are closed for this post.