Претседателот на државата Стево Пендаровски во денешната своја изјава за медиумите по состанокот на Советот за безбедност, на кој се разгледуваше модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ, изјави дека тој предлог е прифатлив за него.
Предлогот се однесува за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.
Во моментов имаме високи политички тензии во земјава и не верувам во перцепцијата која се создава во јавноста дека ова е судбинска дилема да се биде или не и дека наводно деновиве треба да донесеме одлука која ќе ја дефинира иднината на нашите генерации. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде ниту триумф, ниту дебакл, појасни претседателот Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност.
Според претседателот францускиот предлог е транзиционен компромис во една од фазите за евроинтегрирање на земјава.
За мене тој е прифатлив. Да појаснам, станува збор за транзиционен компромис во една од фазите за евроинтегрирање на земјава. Со прифаќањето на овој предлог ја креваме бугарската блокада и дозволуваме формално отворање на преговорите, кажа Пендаровски.
Comments are closed for this post.