Претседателот, Стево Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија и на Законот за Агенција за национална безбедност. Ова се клучни закони за реформа на безбедносните служби, сооопшти денеска кабинетот на претседателот.
Како што се потенцира во соопштението, со Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, што се носи за прв пат во Република Македонија, се формира Совет за координација кој ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело – Советот за национална безбедност.
Во Советот за координација се претставени сите институции кои имаат надлежности во сферата на одбраната и безбедноста.
Со Законот за Агенција за национална безбедност прецизно се регулира собирањето на податоци и информации значајни за безбедноста и одбраната на државата.
Comments are closed for this post.