Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција продолжи, со како што го нарече, „серијалот цитати на полтронот на Зоран Заев, на поклоникот на заевизмот, Стево Пендаровски“.
Тој притоа потсети дека Пендаровски, „пред сега да седне во Мала Речица и да моли за контингент гласови “ изјави дека „не ме интересира организиран пренос на гласови… тој таканаречен трансфер на гласови кој го договараат партиските лидери не ме интересира“!
„Стево Пендаровски во 2016 година пак тврдеше дека нема како што вели „капарисано функција„ ,а веќе по втор пат е кандидат за претседател на државата. Тоа е истиот човек кој што цел живот има некаква политичка функција. За потсетување, во 2014 година одрекуваше дека ќе биде претседателски кандидат на СДСМ, а за време на тогаш неговите редовните партиски трибини се фотографираше во Гази Баба со транспарент зад себе на кој што пишува Стево за претседател. И тоа го негираше. Истовремено ги негираше и страниците за поддршка на социјалните медиуми велејќи дека не знае чиви се“, рече Стоилковски.
Тој додаде дека „заевизмот не му е непознат на Стево Пендаровски“, човекот се што кажуваше во кампањата, потоа го погази со тоа што ги поддржа сите заевистички зафати – од тоа што го одобри консултативниот референдум, за кој што говореше дека такво нешто е невозможно, до промената на името и капитулантскиот договор, за што велеше дека е невозможен без широк консензус!
„Почитувани, Пендаровски е докажана и продолжена рака на заевизмот. Втор Заев ќе значи крај за државата, втор Заев ќе значи аминување на криминалот, економската девастација, губење на се што значи Македонија. Граѓаните знаат, граѓаните го препознаваат заевизмот кај Пендаровски, и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе го зададат првиот сериозен удар за спас на државата. Граѓаните сакаат право и правда, а не уште еден кажувам, заборавам, негирам“, истакна Стоилковски.
Притоа тој порача дека „крајот им се ближи“ и дека Гордана Силјановска Давкова е победник на претседателските избори.
„ Да ги испратиме Заев, Пендаровски и заевизмот во историјата“, порача Наум Стоилковски.
Преименувањето на институциите е срамен антимакедонски зафат
Преименувањето на институциите е едно од срамните антимакедонски зафати коишто произлегуваат од капитуланскиот договор. Ние постојано велевме дека се обезличува Македонија, дека се обезличуваат Македонците дека сега ќе немаат со што да се идентикфикуваат, дека се губи оној институционален идентитет, односно ќе немаат од каде да го црпат идентитетот, рече денес Наум Стоилковски прашан да го коментира преименување на дрќавните институции.
„Па, еве ќе поставам прашање до граѓаните – нели е зачуван идентитетот со овој Договор како што се тврдеше, нели во оваа заевистичка политика? Да речеме еве гледам држите микрофон од Македонска Радио Телевизија сега ќе се преименува во национална. Па еве кажете ми зрачите сателитска програма, и таа ќе биде сателитска програма на национална радио телевизија. На чија нација? Кој ќе се идентификува? Чии ставови ќе ги изразува таа национална телевизија? Сега граѓаните и понатаму секојдневно ќе се чудат и ќе бидат фрапирани од тоа што ќе се соочуваат со последиците од капитулацијата, којшто силно удираат врз идентитеските прашања на македонскиот народ.
Comments are closed for this post.