Денес ќе потсетиме на новата епизода од индиската серија „Стево контра Пендаровски“. Тој е најпознат по тоа што сам себе се демантира.
Стево Пендаровски во изборната кампања тврдеше дека прва одлука за која ќе се залага е генерален реизбор на судии и обвинители. Но Пендаровски не би бил Пендаровски, ако сам себе не се демантира. Тој оди дури и чекор понатака па ја убедуваше јавноста дека тој бил еден од првите кој се противел на генералниот реизбор на судии и обвинители.
Може Пендаровски заборава што зборувал, јавноста памети.
Вистината е дека со заканите за генерален реизбор на судии и обвинители, Пендаровски и СДС правеа притисок врз правосудството за да може да вршат прогон на политичките неистомисленици.
Пендаровски покажа дека може да си го погази својот збор, па уште и бесрамно да лаже. Но катастрофално е што го погазува достоинството на народот и на државата. Пендаровски го изгуби целосно својот интегритет и кредибилитет. Време е за промени!
Comments are closed for this post.