Сите сигнали до овој момент се позитивни, дека на јунскиот самит по европските избори ќе се разговара за датум за преговори, изјави претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на дебата на Телма.

Според него,ко го задржиме ова реформско темпо до јуни сите шанси  да добиме датум за преговори во текот на годината, односно да ни определат конкретен датум на јунскиот самит.

Без да звучи како опрадвување ќе биде многу битно каква ќе биде композицијата во Европскиот парламент и дали таму ќе има поголемо присуство на евроскептиците. Но, многу е битно да работиме да одработиме изборите да бидат кристално чисти и да имаме чисто досие-смета Пендаровски.