Со наближувањето на рокот за распуштање на Собранието секојдневно пристигнуваат нови закони за усвојување. Досега се собрани околку 300 кои треба да бидат усвоени до 11 февруари кога Законодавниот дом треба да се распушти за изборите на 12 април. Само денеска на дневен ред има 58 закони, дел обични, а дел со европско знаменце.
Такви се предлог законот за енергетска ефикасност, закон за квалитетен воздух,трговски друштва, за заштита на лични податоци и многу други. Во собраниските служби досега се стигнати над 100 предлог закони иако е малку веројатно дека сите ќе влезат во собраниска процедура.
СДСМ кога беше опозиција обвинуваше дека преголем број на закони се носат по скратена постапка и без јавна дебата а сега истото го применува од позиција на парламентарно мнозинство.
Сепак најголемо внимание предизвикува законот за Агенција за разузнавање кој СДСМ го поднесе за усвојување по скратена постапка. Последните измени на овој закон се направени во 1995 година и е неразбирливо зошто власта инсистира на измени на десетина денови од распуштање на Собранието.
СДСМ како изговор зошто се брза ја наведува евроатланската интеграција иако никој од нас не бара овие измени да ги направиме пред избори. Слична е ситуацијата и со Законот за јавно обвинителство.
Иако од ЕУ неколкупати напоменаа дека тој е е клучен за тоа дали ќе добиеме датум за почеток на преговорите власта се обидува да го донесе на „мускули“ и покрај забелешите од опозицијата и од експертската јавност. Претседателот на СДСМ дури и се закани дека ако не се донесе законот може да се одложат изборите. Најверојатно законот ќе биде ставен на гласање до 10 февруари заедно со Протоколот за НАТО и Законот за одбрана.
Comments are closed for this post.