Наместо да ги наполнат тезгите со роба, пазарџиите денеска излегоа на улица и порачаа – „Повлечете го законот или ќе останете без пазари!“
Тие го блокираа булеварот кај Битпазар, а се протестира и пред Собранието на Република Македонија.
Според законот, лиценците за тезгите ќе чинат 3.600 денари, а за втора тезга ќе треба да доплатат уште 2.400 денари. Со решението е предвидено и пензионерите, вработените, или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари, да не можат да работат. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.
Comments are closed for this post.