Ние немаме договор со кој сме прифатиле заедничка историја со Бугарија“.

Ова го рече премиерот Зоран Заев на 6-ти ноември.Тогаш ветото од Бугарија беше извесно па Заев се обиде да игра на патриотска карта. Но, патриотизмот не му држеше ни 20 дена. Вчера во интервју за БГНЕС рече дека било јасно дека со источниот сосед сме имале заедничка историја.

Ние немаме споделена историја. Имаме заедничка историја-гордо изјави вчера Заев.

За волја на вистината, во членот 8 од договорот се говори за заеднички историски настани и личности што преведено на бугарски речник значи заедничка историја.

Згора на тоа, Заев во неколку наврати изјавува дека „Илинденското востание е дел од заедничката историја со Бугарија“ и оти „прифаќаме дека имаме дел заедичка историја“.

Преведено на бугарски речник, заедничката историја Заев ја договори уште со потпишувањето на договорот со Борисов и сега следи само испораката на договореното.