Партнерот на актерката Силвија Стојановска, кој е уапсен вчера, во српските медиуми се споменува уште во 2010 година.
Воислав Будисавјевиќ, тогаш како 44 годишен бил соучесник во случајот со познатата Мадам Пепи, која на балканската естрада во стан во Тафталиџе им продавача т.н шанерска, односно украдена гардероба.
Но покрај скапи парчиња облека, Пепи продавала и квалитетна дрога.
Според „Блиц“, Будисавјевиќ на Персида Момировска, како што е вистинското име на Мадам Пепи и праќал дрога од Перу скриена во кутии боја за порцелан на адреса на нејзиниот вујко. Дрогата од Перу преку Франкфурт требало да стигне во Скопје.
Братот на партнерот на Силвија Стојановска бил упасен во Шпанија за шверц на 700 кг. кокаин. Актерката, според нив, наводно помагала со логистика и подигнување на парите.
Вчера по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е изречена мерка притвор за Будисавјевиќ, а пак на актерката и е одреден домашен притвор.
Comments are closed for this post.