Oмилениот историчар на власта не може глава да крене од новинарите. Откако „Пресинг ТВ“ прв објави дека му е продолжен мандатат како прв човек на Институтот за национална историја, сега се најде пред нова мака.

На неговиот настап по повод изборот за член на МАНУ Драги Ѓоргиев, мораше пак да се соочи со новинарите и тој го избра најлесниот пат-бегството.

Владиниот историчар кога-тогаш ќе мора да одговори на неколку прашања. Како ја доведе македонската комисија за историја во подредена положба и да прифати онаква содржина за историските личности во кои доминира бугарскиот наратив и од кои во идинина ќе учат македонските деца.

Ѓоргиев должи и одговор како тоа можело да се зборува за бугарска окупација, ама не и за бугарски фашизам.

Па, господине омилен владин историчар, не можете вечно да бегате.