Пред само неколку дена ми се јавија од „Мој термин“ да ми го откажат терминот, што ми беше закажан за 7 мај, со образложение дека доаѓа Папата и оти ќе добијам дополнителен термин, раскажува за Пресинг Тв пациентка, која проблемот со кој се соочила сакаше да го сподели со јавноста.
Пациентката имала закажано термин на трансфузиологија и секои два месеци по шема правела проверка на крвта (коагулација). Меѓутоа, од „Мој термин“ и се јавиле и и презакажале термин за 14 мај.
Пресинг Тв ѕвонеше на телефонот за „Мој термин“ за проверка на информацијата, но од другата страна никој не се јави.
Од Министерството за здравство само ни најавија дека во понеделник ќе има повеќе детали, особено поврзани со итните случаи.
Има точно разработена патека како ќе се движат пациентите. Се е под контрола, согласно однапред направен план и се ќе биде како што треба. На оние пациенти на кои им е откажан терминот дополнително ќе добијат нов, вели за Пресинг Тв, министерот за здравство Венко Филипче.
Comments are closed for this post.