Есенскиот бран почна малку порано, времето е малку топло и веќе две недели имаме голем број на случаи. Главниот пренос е големиот број на свадби и јавниот превоз. Гледам дека од автобус луѓето не можат да излезат, а таму секој трет не носи маска. Секако преносот е и на работните места каде што луѓето во тесни простории прават кафе, а понатаму го користат јавниот превоз. Ова во денешното интервју за Сител телевизија го истакна професорот доктор Никола Пановски.
Мерките кои на почетокот беа донесени се одлично и јас им честитам за истите. Добро е што се носи маска и не се носат ракавици. Но, потребни се механизми за почитување на мерките, додаде тој. Нагласи дека мерките кои сега се носат во моментов се безсмислени, тука пред се се мисли на контролите во домовите. Потребна е контрола во јавниот превоз и во работните организации. Вирусот тек сега ќе се шири заради тоа што поради заладувањето луѓето ќе влегуваат внатре и понатаму ќе се шири болеста.
Професорот Пановски истакна дека неопходно е воведување на полициски час во текот на вечерните часови. Тој додаде дека секаде каде што постојат протоколи и истите се почитуваат нема потреба од воведување дополнителни мерки.
Comments are closed for this post.