Министерството за здравство денеска соопшти дека преку Европската Унија, Македонија добива брз пристап до лекот Ремдесивир.
Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Gilead” за набавка на 500.000 дози од „Veklury”, бренд името на лекот „Ремдесивир”, со можност за дополнително зголемување на количините. Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Република Северна Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, стои во соопштението.
Меѓутоа лекот „Ремдесивир“ е исклучително опасен, токсичен е и има несакани дејства, вели за Слободен печат микробиологот доктор Никола Пановски.
Веста дека овој лек го лечи вирусот ковид-19 брзо се прошири, но нагласувам дека станува збор за лек кој се употребува исклучително за тешки случаи и истиот е токсичен и предизвикува докажани несакани дејства. Нема докази дека ја намалува смртноста, но сепак го скратува лекувањето, вели др. Пановски.
Comments are closed for this post.