Докторот вирусолог Никола Пановски во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на „ТВ21“ рече дека очекува ковид-19 повеќе да се шири кога времето ќе залади, па затоа јануари го смета за критичен месец. Тој истакна дека тестот за коронавирус е безобразно скап, и дека она што се прави по приватните клиники е уште побезобразно.

Логично е јануари да биде критичен месец. Друго е кога дува ветер, друго е кога има магла. И тоа има влијание – вели Пановски.

Професорот Пановски смета дека кривата ќе почне да расте кога ќе се залади времето, односно такво нешто очекува после 15 ноември кога температурите ќе бидат занчително пониски.

Кривата ќе почне да расте кога ќе залади. Се очекува тоа да се случува од 15 ноември па натаму – рече Пановски.

Пановски смета дека тестот за коронавирус е безобразно скап, и дека она што се прави по приватните клиники е уште побезобразно.

Да не го заборавиме и економскиот момент. Овој тест е безобразно скап, а она што се плаќа на приватно е уште побезобразно. За таков тест од брис за само еден организам е навистина скапо – рече Пановски.

Тој рече дека не му е јасно зошто луѓето ги дезинфицираат чевлите и продуктите кои ги внесуваат дома, како заштита од коронавирусот.

Професорот објасни што треба да се случи за вирусот да трае толку долго за да може да се донесе дома преку продукти.

Луѓето почнаа да ги чистат чевлите, кога ќе влезат од надвор почнаа продуктите да ги чистат. 100-тина луѓе инфициирани треба да кашлаат на едно место, за полуживотот на вирусот толку долго да трае – рече Пановски.