Македонија е преубава земја. Погледнете на околу, секаде каде што ќе погледнете дали е планина дали е шума, дали е пасиште, дали е река, дали е поток, преубава е Македонија. Тоа го знаат и нашите непријатели, меѓутоа има уште еден податок за Македонија, а тоа е дека македонскиот народ е ретко мирољубив народ. Секогаш ние во историјата кога сме се фаќале за оружје тоа било единствено само за да си ги браниме својата татковина, својот дом, своето семејство, рече претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов во своето обраќање од Ваташа.
-Многу пати во историјата, од антиката до ден денешен ни се случило токму тоа да ние мораме да си ги браниме своите домови, и притоа огромен број на македонски синови и ќерки го имаат положено животот за Република Македонија. Тоа се има случено и на оваа место, Моклиште, Ваташа, каде што ѕверски, најкрволочно биле убиени 12 деца. Кога велам деца треба да имаме предвид дека нивната старост била од 15 до 20 години, најстарото дете било 26 години. Притоа, јас прашувам ако не биле тие фашисти кои што кренале рака и можеле да го направат тоа злосторство само затоа што биле Македонци децата биле стрелани. Ако не биле тие фашисти, еве прашувам јас што биле? И јасно е дека историјата ги запишува таквите настани. Историјата запишала дека на 16 јуни 1943 година бугарските фашисти ги имаат стрелано Македонците. Тоа не само што не смееме ние да го заборавиме, туку ние се колнеме и овде од оваа место дека што сакаат можат сега 21ви век, тој настан се случил во 20тиот век, сега во 21 век ние сме изложени поради тоа што имаме квинслишка и петоколонашка власт предводена од Зоран Заев да токму ваквите настани кои што им сметаат на нашите добри соседи бараат да бидат избришани. Зоран Заев е тој кој што тие бугарски фашисти кои што го направиле ова крвничко злодело ги нарекува сега администратори. Притоа ние мораме да се потсетиме дека тоа било 20 ти век ние сега во 21 век повторно ако така гледаме Македонија е обвиена во црно. 4 000 жртви Македонија во минатава година има изгубено затоа што имаме корумпирана и неспособна власт. Власт предводена од Зоран Заев кој што заедно со неговиот пајташ Венко Филипче не гледаат како да го спасат како да обезбедат вакцини тие го гледаат нивниот личен профит. Секој еден од нас тука присутните ја знае онаа нивна несреќна епизода кога сакале дупло една вакцина од кинеските производители да ја набавуваат. И не се само тоа тие истите во овој период кога Македонија крвари се шетаат по Дубаи, се шетаат по Мексико, во Мексико се шета еден Рашковски кој што пазете сам си измислува и самиот на себе си го продава тој софтвер. Софтвер кој што не е во употреба. Тоа го плаќаме повторно ние. Со пари кои што наместо да бидат наменети за здравството кој што нели не лажеа и ни ветуваа дека ќе набавувале те амбулантни возила те болници ќе граделе нема ништо од сето тоа. Ние имаме јад беда и чемер во кој што повторно ќе кажам за жал во 21 век ние во таков амбиент живееме. Историјата, како што реков, не учи за минатото, затоа што оној народ кој што нема минато тој, јас ве уверувам дека нема ниту сегашност, нема ниту иднина. Ние тука присутните од ВМРО-ДПМНЕ, од патриотскиот Институт, од Унија на млади сили, од Унија на ветерани, од Унија на жени се колнеме не само што нема да ја заборавиме историјата, туку напротив, ние ќе направиме се да таа историја и таа вистина ја знае секој еден во светот, истакна Пандов.
Конечно, сосема на крајот, денес не случајно го избравме овој ден. Луѓе ме прашуваат, зошто Александар ние денеска, кога настанот е 16 јуни, зошто ние денеска се собираме кај овој споменик? Одговорот е, денес на 4-ти април, по случај на нештата, во Република Бугарија имаат парламентарни избори. Ги знаеме нивните хегемонистички и шовинистички аспирации. Ние, повторно ќе кажам, сме народ кој што простува, но не заборава. Оттука бараме, како ВМРО-ДПМНЕ, да им честитаме на изборот, кој сакаат нека го изберат, нека им е со среќа кој и да е. Ако е Бојко Борисов, Бојко Борисов, кој и да го изберат нивни иден лидер да биде. Меѓутоа, му советуваме, ако веќе устата им е полна со добрососедство, прво нешто што треба да направи за подадена рака кон Македонија, да дојде, да се поклони овде и да се извини на семејствата и на цел македонски народ за ова злодело кое што го имаат направено. Тоа е во знакот на европските традиции, тоа е Европа и во таква Европа ние сакаме да одиме. Во Европа во која што ние сме бришени, во кој што некој се обидува преку Мила Царовска, она што го прави сега Зоран Заев, да ни ја избрише нашата македонска историја, да ни го избришат коренот, јазикот и историјата, тоа ние нема да го дозволиме, додаде тој.
Comments are closed for this post.