Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт Гоце Делчев на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија вели дека за разлика во Република Македонија, во бугарското народно собрание и покрај тоа што се раскарани позицијата и опозицијата, нашле заеднички јазик бидејќи ваква шанса со францускиот предлог ретко се испушта.

Се собрале во бугарскиот парламент и на така раскарани, најдоа заеднички јазик и сфатија дека ваква шанса, ваков пенал што им е дадена од Ковачевски, пуленот на Заев, Маричиќ и Османи немаат до сега добиено.

Пандов истакна дека владата на СДСМ, Ковачевски, Османи и Маричиќ знаеле за францускиот предлог бидејќи шест месеци наназад истиот го преговарале и договарале, а тоа и го потврдил францускиот министер за европски прашања, како и дека ова самиот договор е дипломатски дебакл на владата на СДСМ и поради тоа треба да си дадат оставки.

Лажеа дека не го знаеле францускиот предлог, а францускиот министер за европски прашања кажа дека шест месеци преговарал со Ковачевски, Османи и Маричиќ. Ова е поминато и овие се дополнителни точки кои Бугарите ги ставаат. И капак на се, ние доживуваме најмоќниот човек во Европа, претседателот на Франција, не нарекува северномакедонци, вели Пандов.

После ваков дипломатски дебакл кој што го доживеа СДСМ и ДУИ, треба да си заминат, смета Пандов.