Поддржуваме целосна, детална и транспарентна истрага, рече Метју Палмер, заменик-помошникот државен секретар на САД, коментирајќи ја истрагата за специјалната обвинителка Катица Јанева.
Такви сериозни обвинувања бараат сериозен одговор. Ако постојат докази, тогаш соодетно обвинение ќе биде можност за властите и Северна Македонија да покажат почитување на владеење на правото, кое преставува фундаментална основа што ќе и` помогне на Северна Македонија да го продолжи европскиот пат. Ние ги поддржуваме и охрабруваме институциите на Севрна Македонија да ја завршат оваа истрага, рече Палмер во интервју за Српската редакција на Гласот на Америка.
Тој истакна дека многу е важно да постои Специјалното јавно обвинителство, кое ќе има мандат да ги адресира овие прашања и предизвици.
Comments are closed for this post.