Во пресрет на новогодишните и божиќни празници, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, и амбасадорот на Бугарија во Македонија Ангел Ангелов доделија новогодишни пакетчиња за децата кои се лекуваат во Институтот за белодробни заболвања Козле.

Во овие моменти, кога ја испраќаме старата и влегуваме во Новата година, сакаме да ги израдуваме најмладите и да потсетиме на хуманоста и солидарноста како важни човечки и општествени вредности, рече Богоев.

Градоначалникот на Карпош додаде дека во престојниот период, општината ќе подели пакетчиња на децата од социјално загрозените семејства.

Амбасадорот Ангелов рече дека пачетчињата се донација од Министерството за надворешни на Бугарија, а нивната заложба со оваа донација е што поголем број деца да ги поминат празниците во пријатна атмосфера.