ЕУ ќе се наврати на датумот за преговори со Македонија и со Албанија следната година, е заклучокот од дводневниот Самит на ЕУ

Нема одлука за датум, ЕУ ќе се наврати на прашањето на пролет – Вели двете земји немаат вина, тие се подготвени за преговори, но за жал, за тоа не беа подготвени неколку земји членки-нагласи претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Макрон пак нагласи дека Македонија имала добра шанса да биде одвоена од Албанија, но оти тој и дел од лидерите го пресметале таквиот ризик.

Зелено светло само за Северна Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка, а тоа беше единствениот можен консензус, ќе видевме политички и социјални движења од неверојатно насилство, не само кај албанското малцинство во Северна Македонија туку во сите земји каде има албанско малцинство, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.