Вечерва во „Само интервју“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи оваа власт е класична дефиниција за политичка мафија која што владее во Македонија.
„Никој денеска не може да се сложи дека состојбите во државата 30 години не биле розови. Но исто така можеме да се сложиме дека состојбите во државата биле помалку или повеќе по не розеви. Но како што денеска системот не функционира како што треба, што денеска буквално се злоупотребени институциите, никогаш не било во овие 30 години“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека тоа е она што денеска ја детерминира класичната дефиниција на политичката мафија, дури и во Извештајот на ЕК се воочува и големо ниво на корупција во Македонија.
„ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да понуди подобро општество отколку ова што денеска е реалност“, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека со СДСМ на власт пропаѓаат банки, се поскапува електрична струја, со тоа не се придонесува за подобар живот кој што го ветуваа.
Comments are closed for this post.