Ова веќе станува морбидно.Во најцрниот ден кога имаме 200 заразени и дури осум починати, Заев, Филипче и Спасовски без никаква грижа на совест велат дека градат успешен здравствен систем и дека успешно се  справуваат со короната.

Премиерот Спасовски и министерот Филипче денеска беа  во обиколка на новото крило на ЈЗУ „Општа болница” – Струмица и истакнаа дека ги јакнат  здравствените капацитети, вложувајќи во човечките ресурси создадовме систем, кој успешно се справува со кризата предизвикана од коронавирусот.

Граѓаните со право се прашуваат дали овие тројца кадри на СДСМ живеат во Македонија или на некое друго место. Имаат ли чуство и осет за денешните починати, кои се директна заслуга на нивните мерки и „успешното“ здравство.

Колку здравството на Филипче успешно се справува со короната кризата покажува и денешната смрт на родилка од Гостивар.Станува збор за 31 годишна жена од Гостивар.

Таа била оперирана и е изваден мртов плод иако била  под надзор на гинеколози, трансфузиолози, епидемиолози и инфектолози.