„Јутарњи лист“во својата анализа по прашањето на Македонија со Бугарија вели дека Бугарија го злоупотребува членството во ЕУ и дека ја уценува малата земја да се откаже од се за некогаш можеби да стане членка на Унијата.
Тамам кога се чинеше дека им дојде крајот на патилата по две и нешто повеќе децении спор со Грција околу името на државата, што ги кочеше во евроатлантските интеграции, сега веќе од друга соседна држава – Бугарија – им се закануваат дека ќе ги блокираат нивните преговори со ЕУ ако инсистираат на својот, различен од бугарскиот, етнички, културен, историски и јазичен идентитет. Ако тврдат дека се тоа што се – ништо од ЕУ“, констатира „Јутарњи“ во воведот од анализата насловена „По 20 години патила со Грците, на Македонците сега им стигна нов студен туш: ‘Блокада’!“-пишува весникот.
Comments are closed for this post.